| |

ВМРО-ДПМНЕ: ГРАЃАНИТЕ НА СВОЈ ГРБ ЈА ПОЧУСТВУВАА СИРОМАШТИЈАТА

СДСМ се препознава по нивните бледи лаги.

СДСМ ги лаже граѓаните без срам. Пишуваат соопштенија и држат прес конференции како народот во Македонија секој ден станува се побогат.

Во Македонија тече мед и млеко според СДСМ.

Но граѓаните ги препознаа лагите на СДСМ бидејќи на свој грб ја почуствуваа сиромаштијата, и економијата која секојдневно тоне.

Додека државата плаќа возила и обезбедување да го следат Заев во неговите лудории, 500.000 граѓани живеат во праг на сиромаштија. Земјоделците на кои им беше ветено сигурен откуп на производство и поголеми субвенции, својот род го фрлаат на буништа. Податоците на германската амбасада истата годишно издава околу 20.000 работни визи. Слични бројки има и од другите развиени држави. Овие податоци само покажуваат дека сиромаштијата во Македонија за овие две години е влезена на голема врата.

Граѓаните имаат се помалку пари, и знаат дека СДСМ и Заев се причината затоа што им се случува, време е СДСМ и Заев да си заминат од власт, се вели во соопштението на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.



Слични Објави