|

Ѓердан „Златна доба“ за Соња Јончева

Светски познатата бугарска оперска пејачка Соња Јончева ја доби наградата „Златна доба“ со ѓердан.

Ова се случи синоќа во Летниот театар во Варна по претставата „Мадам Батерфлај“ во која таа беше солист. Операта на Џакомо Пучини ја режираше Нина Најденова, а диригент беше Најден Тодоров.

Одликувањето кое се доделува за исклучителен придонес во развојот и зајакнувањето на бугарската култура и националниот идентитет, го врачи в.д. министерот за култура Најден Тодоров.

„Најголемата награда на МК е „Златна доба“ – ѓердан. Отсекогаш постоело прашање какви луѓе треба да го добијат овој ѓердан „Златна доба“. Соња Јончева е личност која може секој од нас да го направи горд што е Бугарка, а денес нема многу причини за ова. Главната причина комисијата на министерството годинава да додели оваа награда на Соња Јончева е токму тоа – дека секогаш кога има вести за неа, ние сме горди што сме Бугари“, изјави за БНР министерот Најден Тодоров.

Фото: БНР

Слични Објави