ЕКСПЕРИМЕНТАЛЕН ЛЕК ПРОТИВ КОВИД-19 ДАВА РЕЗУЛТАТ, ЛУЃЕТО ЗАЗДРАВУВААТ ЗА НЕКОЛКУ ДЕНА
Пациентите кои го примиле експерименталниот лек „Ремдесивир“ закрепнале многу брзо од коронавирусот, а некои биле пуштени од болницата по неколку дена, јави Си-Ен-Ен.
Станува збор за пациенти кои имале сериозни симптоми и температура и биле дел од експериментален третман во болницата на Универзитетот во Чикаго. Тестирањето беше извршено врз 125 лица, а 113 од нив имале потешки форми на болеста. Сите 125 примале дневни дози на „Ремдесивир“.
„Загубивме само двајца пациенти, а мнозинството беше пуштено дома“, рече Кетлин Мулане, специјалист за третман со коронавирус.
Универзитетот во Чикаго најави дека ќе ги објави резултатите од експериментот по завршувањето на ваквиот третман и не даде дополнителен коментар.
