|

Нов земјотрес во Романија

Земјотрес од 4,3 степени според Рихтеровата скала ја погоди Романија.

Епицентарот на земјотресот е на 11 километри од градот Таргу Џиу во регионот Олтенија, на длабочина од 15 километри.

Засега нема информации за човечки жртви и материјална штета.

По земјотресот во Турција, неколку земјотреси деновиве ја стресоа Романија, а беа почувствувани и од населението во Србија.



Слични Објави