| |

Бугарскиот амбасадор Ангелов присуствуваше на прославата по повод Денот на лозарите во Кавадарци и се сретна со претставници на бугарската заедница во регионот

Бугарскиот амбасадор во РС Македонија Ангел Ангелов присуствуваше на традиционалната прослава по повод празникот Св. Трифун, која се одржува во градот Кавадарци.

Ангелов заедно амбасадорите на Италија, Чешка, Кина и Босна и Херцеговина, а исто така и дипломати од амбасадите на Германија и Франција во Република Северна Македонија, бил официјално поканет од градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев.

Подоцна истиот ден, амбасадорот Ангелов се сретна со претставници на бугарската заедница од регионот, на која се разговараше за главните аспекти на предизвиците со кои тие се соочуваат во тековниот период, се вели во соопштението на бугарското МНР.

Традиционално на Денот на лозарите Св. Трифун, дипломати од Амбасадата на Република Бугарија во Скопје и од Генералниот конзулат во Битола учествуваат на одбележувањето на празникот во различни општини во државата.

Лозарската индустрија е клучна за егзистенцијата на населението и економскиот развој на голем број региони во Северна Македонија, се вели уште во соопштението.

Слични Објави