| |

Потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова во посета на Косово: Ќе се сретне со претседателката Османи и со претставници на бугарската заедница во земјата

Потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова заминува во посета на Косово, на покана на претседателката Вјоса Османи, по повод 15-годишнината од независноста на Косово, објавена на 17 февруари 2008 година. Еден месец подоцна, независноста на Република Косово ја призна и Бугарија.

Софија и Приштина развиваат соработка во повеќе области, вклучително и европската интеграција, енергетската безбедност и поврзувањето. Се прават напори и да се активираат контактите меѓу бизнисите.

Потпретседателката Илијана Јотова за време на посетата ќе разговара и со претставниците на бугарската заедница, кои се уште ја чекаат одлуката на локалните власти за признавање на бугарското национално малцинство во Република Косово. Барање кое беше упатено во мај 2018 година од организацијата „Обединети Бугари на Косово“.

На почетокот на оваа година предлогот повторно беше доставен до косовскиот парламент, а се чека одговор од властите во Приштина.

Бугарската заедница во Косово брои околу 15 илјади луѓе, кои живеат во општините Драгаш, Призрен, Ораховац и Штрпце.



Слични Објави