ВМРО-НП: Реториката на тв Алфа и на други медиуми кон граѓаните кои сакаат да се декларираат како Бугари граничи со шовинизам
„ВМРО-Народна партија ги поздравува оние медиуми и општествено политички и активни граѓани кои придонесуваат во смирување на односите со соседна Бугарија, особено после ескалацијата околу 4-ти февруари, а во интерес на нашиот пат кон Европската интеграција.
За жал сеуште има такви медиуми, би ја издвоиле „Алфа Тв“ која во својата реторика продолжува со создавање на подбуцнувачка атмосфера, а посебно фрапира речникот со кои ги коментира македонските граѓани кои сакаат да се декларираат како Бугари.
Реторика која се граничи со шовинизам.
Од друга страна пак и скромниот поглед на нивната содржина особено културно-забавната и филмската програма јасно ја отсликува целта на „Алфа Тв“ да го воспева југословенското, тоталитарно минато се со цел културно-забавно србизирање на македонскиот народ.
Го повикуваме Советот за радиодифузија да ја изанализира оваа нескриена цел на оваа таканаречена македонска телевизија, стои во соопштението на ВМРО-НП.
