| |

Александријскиот патријарх Теодор II му одговори на српскиот патријарх Порфириј: Зачувавте заглушувачки молк, кога ја баравме вашата подршка за неправедните постапки на руската црква во Африка

Александрискиот папа и патријарх на цела Африка Теодор II испрати одговор на писмото испратено до него од српскиот патријарх Порфириј, кој го повика да го крене својот глас „против неправедниот притвор на игуменот на Киевско-печерската лавра Вишгород и Чернобил, митрополит Павел (Лебед)“, јавува “Двери”.

Потсетуваме дека на 22 јули Патријархот Порфириј испрати писмо до поглаварите на сите православни цркви, како и до папата Франциск, архиепископот од Кантербери Џастин Велби, генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, високиот комесар на ОН за човекови права итн., барајќи од нив да инсистираат митрополит Павел (Лебед) да биде ослободен за да може „да ја продолжи својата евангелска мисија, која може да донесе само добро за страните во конфликтот, а посебно за народот на Украина“.
Во писмото се вели и дека „во време на големи, тешки и опасни историски промени, како што тоа е евидентно денес, должност на секој човек кој ја сака правдата, без разлика на неговата вера, националност, идеолошка или политичка ориентација, е да укаже на неправдите, извршени против луѓето и нивните основни човекови права“. Таков пример, според српскиот патријарх, е митрополитот Павел, „кој беше затворен од украинскиот суд“. Оваа судска одлука, според него, не се заснова на закон што важи во легално населените земји, туку е резултат на „тешката атмосфера во Украина, која гори во воен оган“, а од друга страна стои и „намерата на сегашните власти да ја освојат Киевско-печерската лавра, едно од најважните светилишта на православниот свет во целина“.

Патријархот Теодор II му одговори неговиот колега Порфириј, и јавно го објави писмото. Во него тој го потсетува поглаварот на Српската црква дека ги не одговорил на повиците на Александриската патријаршија до помесните православни цркви да ги осудат неправедните постапки на Руската црква во јурисдикцијата на Патријаршијата во Африка, кои исто така се очигледна неправда, кршење на црковните канони и имаат ефект да водат во заведување и да создадат неединство меѓу илјадници православни христијани во Африка. Патријархот Порфириј одбрал да замолчи пред овие апели, за да не ја критикува руската политика.

Што пишува во одговорот на патријархот Теодор II до српскиот патријарх Порфириј прочитајте на следниот линк.



Слични Објави