Одбележуваме 109 години од смртта на подполковникот од бугарската армија и војвода на ВМОРО Димитар Думбалаков
На 31-ви октомври 1915 г. загинува војводата на ВМОРО, подполковник ДИМИТАР АТАНАСОВ ДУМБАЛАКОВ.
Роден е 1872 г. во лагадинското село Сухи. Учи во Бугарската гимназија во Солун и во военото училиште во Софија заедно со Гоце Делчев. Учествува во Четничката акција на ВМОК – Мелничкото востание. Испратен е од офицерските братства да помогне на Гоце Делчев во купувањето и пренесувањето на материјали и оружје. Во 1902 г. учествува во Горноџумајското востание. Наредната година учествува во подготовката на Илинденско-Преображенското востание и е назначен да застане на чело на Неврокпскиот реон. По Младотурската револуција се враќа во Македонија. Во 1912 г. заедно со Петар Дрвингов од Кукуш е еден од основните организатори на Македоно-одринското ополчение во Бугарската војска. Командант е на третата Солунска дружина која води борби на повеќе места. За време на Првата светска војна е командант на Втората дружина на Единаесеттата македонска дивизија на Бугарската армија.
Во битка со француски војски кај Градско Михаил Думбалаков е ранет и починува малку покасно. Погребан е свечено на 1-ви ноември 1915 г. во дворот на црквата Св. Пантелејмон во Велес.
“Роден е на 21-ви март 1872 год., во оние бурни времина кога Бугарскиот народ пројавуваше титански усилби за отфрлање на неподносливото робско бреме. А родното село Сухо, се спуштило во убавото и прекрасно подножје на Суха планина, во самиот халкидикски полуостров, осамено во својата оригиналност, далеку од светските патишта, тоа останало и до денес единственото село од целата Лагадинска околија, кое го запазило, како „светија на светиите”, чистиот старобугарски јазик со неговите манири и обичаи! Напорите на Фенер, подпомогнати и од турските власти врз основа на Хамидовиот принцип „раздели и владеј”, за уништување на Бугарштината во тој крај, не еднаш се разбивале од народното самосознание на Суховчани, зајакнато главно од патриотското семејство Думбалакови….
…Уште е пресен споменот од средбата со Димитар во Военото училиште, каде тој, пред да замине за Солун, дојде да го навести запишувањето на сегашните редови и колеги-матуранти, меѓу кои беше и великиот Гоце. Ја облекол парадната униформа, изпучил гради, ја завртил главата, фрлајќи молскавични погледи на јункерите од Македонија што го опкружуваа сјаејќи од среќниот случај да се почувствува одново во средината на сонародниците, со кои го сврзват спомените на детските и момчешки врмина, Димитар беше во екстаза од мечтата, која предстоеше да се постигни. „Каде така, Митко?” – го запрашав махинално. – „Не знаеш ли? Во Солун, да видат Грчиштата и Турчиштата, какви сме ние, Бугарите!”
И така силно ме прегрна тој тогаш, така и сега, се чини како да ја чувствувам топлината на самоувереността во силата и моќта на бугарскиот национален дух, кој посетне го создаде великанот Димитар!”
ДИМИТАР А. ДУМБАЛАКОВ КАКО МАКЕДОНСКИ РЕВОЛУЦИОНЕР, Владислав Ковачев, 1924 г.
“Никогаш не претпоставував, дека Македонија може еден ден да стане србска, дека Грците ќе го освојат Солун, но судбината, знаете, често ги дозволува и најчудните работи.
Населението во Македонија е претежно Бугарско, а потоа следат Турците, малкумина се Грците, а меѓу домородното население нема никакви Срби.
Освен тоа, продолжи Хилми Паша, само Бугарите се бореа и се жртвуваа за слободите на оваа земја. Револуционерната борба и војната беше чисто Бугарско дело.
Во револуционерно време, Грците и србоманите, смело го кажвам тоа, врвеа заедно со нас, Турците, против вашите комитети. Мене и на мојата полиција тие ни сообштуваа се’ што ќе научеа за вас, тие беа наши шпиони, пријатели и добродетели.
И кога Бугарија реши да војува, тие се присоединија само за да извлечат полза на ваша и наша сметка. Пред вас да ве изневерат, тие се однесуваа предавнички кон нас.
Но какви и да се Србите и Грците, ние сме виновни, Бугарите и Турците, затоа што не се разбравме на време.
Но, радоста на Грците и Србите за лесните профити нема да трае долго. Бугарското, турското и албанското население не можат да го задржат во покорност. Тие најдобро го знаат силниот револуционерен дух на Бугарската нација. Ништо не може да го скрши.
Ако империјата не можеше на крај да излезе со Бугарите, зарем српската и грчката власт ли ќе ги скроти?“
ХИЛМИ ПАША ЗА НОВИОТ БАЛКАН, интервју од мајор Д. Думбалаков, 1914 г.

