| |

10-то јубилејно издание на ЕТНОФФ – Меѓународен фестивал на етнографски филм

На 1 ноември (петок) и 2 ноември (сабота) во Кинотека на Македонија, ќе се одржи десетото издание на ЕТНОФФ – Меѓународниот фестивал на етнографски филм во организација на Македонското студентско етнолошко друштво.

Фестивалот ќе биде отворен во 18 часот со филмот „Божји пламени“ на Мешакаи Волф (САД, Франција, Македонија), посветен на ромскиот музичар и собирач на етнолошки материјали, Музафер Бислим. Следуваат два документарни филмови од Кина и еден кој се однесува на спомените на некогашниот германски колонијализам во Того, Африка.

На 2 ноември од 18 часот започнува блокот „Земја во фокусот“, оваа година посветен на филмови од или за Јапонија. На програмата се три филмови: „Чикара – синот на сумо борачот“, „Сонувајќи го Мураками“ и „Создавање на еден Јапонец“. 

Симболично на јубилејот – 30 години воспоставување дипломатски односи помеѓу Јапонија и Македонија, следниот блок е македонски, претставен со два филма, „Патот на престапникот“ на Александар Ковилоски и „Хембој“ на Елизабета Конеска. 

ВЛЕЗОТ НА СИТЕ ПРОЕКЦИИ Е БЕСПЛАТЕН!



Слични Објави