БУГАРСКИОТ ВОДИТЕЛ СЛАВИ ТРИФOНОВ МУ ПОНУДИ РАБОТА НА ВАСИЛ ГАРВАНЛИЕВ

//

Познатиот бугарски водител и шоумен Слави Трифонов му понуди на македонскиот претставник на „Евросонг“, Васил Гарванлиев, да стане дел од неговата екипа, со што ќе му биде обезбедена „работа и достоен живот“.

Според Трифонов, Гарванлиев во Македонија е во опасност да падне во немилост кај своите сограѓани, поради тоа што јавно кажал дека се чувствува како Бугарин и дека има бугарски пасош. Против пејачот, според Трифонов, се води кампања тој да не ја претставува Северна Македонија на „Евровизија“.

„Но почитувани сонародници, Бугарија е секаде, каде што има барем еден Бугарин. И додека има еден Бугарин во Северна Македонија, пардон, во Северна Македонија има многу Бугари, но јас мислам конкретно на Васил Гарванлиев, затоа му го предлагам следното: Василе, драг пријателе, ти си добар пејач, а јас и моите колеги имаме искуство во продуцирањето на добри пејачи. Повели кај нас и јас и мојата екипа ќе ти обезбедиме работа и достоен живот. Решението е твое. Ние Бугарите треба да се поддржуваме“, напиша Слави Трифонов на Фејсбук.



Претходна статија

МАКЕДОНЕЦ И РУСИН ОСУДЕНИ ВО САД ЗА КОМПЈУТЕРСКИ КРИМИНАЛ ОД 568 МИЛИОНИ ДОЛАРИ

Следна статија

ОКОЛУ 300 КРЕВЕТИ СЕ ПРАЗНИ ВО КОВИД-ЦЕНТРИТЕ ВО ЗЕМЈАТА

Најново од Вести