МАКЕДОНЕЦ И РУСИН ОСУДЕНИ ВО САД ЗА КОМПЈУТЕРСКИ КРИМИНАЛ ОД 568 МИЛИОНИ ДОЛАРИ

//

Македонски и руски државјанин се осудени на казна затвор за нивните улоги во транснационална операција за компјутерски криминал, одговорна за кражба на 568 милиони долари ширум светот, соопшти Американското министерството за правда.

Сергеј Медведев, 33, од Русија и Марко Леопард, 31, од Македонија, се осудени на десет и пет години откако претходно и двајцата се изјаснија за виновни за криминален заговор пред федералниот суд во Невада.

Медведев е ко-основач и администратор на Инфрауд, онлајн претпријатие кое постоело за да ги збогати своите членови и соработници преку огромен број кривични дела, како кражба на идентитет и финансиска измама, наведува министерството. Тој беше уапсен во Тајланд во 2018 година. Леопард, како што се наведува, дејствувал како администратор на членовите на Инфрауд, помагајќи во продажба на нелегална стока и услуги.



Во ажурираното обвинение, Министерството за правда во декември 2020 година објави дека 36 лица биле обвинети за нивната наводна вмешаност во водење на „Инфрауд“. Во него се наведува дека меѓународните органи за спроведување на законот уапсиле 13 обвинети од САД, Австралија, Велика Британија, Франција, Италија, Косово и Србија.

Извор: Скопско Ехо

Претходна статија

ПРЕГАЗЕН ВЕЛОСИПЕДИСТ ВО ПРИЛЕП – ВОЗАЧОТ НА АВТОМОБИЛОТ ПОБЕГНАЛ, А ПОТОА БИЛ ПРОНАЈДЕН

Следна статија

БУГАРСКИОТ ВОДИТЕЛ СЛАВИ ТРИФOНОВ МУ ПОНУДИ РАБОТА НА ВАСИЛ ГАРВАНЛИЕВ

Најново од Вести