| |

Советникот на Стејт департментот Шоле во посета на Северна Македонија, Косово и Србија

Советникот на Стејт департментот на САД Дерек Шоле од 11 до 13 јануари годинава ќе ги посети Северна Македонија, Косово и Србија. Целта на посетата, како што објави Стејт департментот, е да ја нагласи трајната посветеност на САД за мир, стабилност и просперитет на Западен Балкан.

На 11 јануари Шоле ќе престојува во Скопје, со посебна меѓуагенциска делегација. Предвидено е да се сретне со владини претставници и да разговара за повеќе прашања, меѓу кои енергетиката, економијата и борбата против корупцијата.

Американскиот советник од Скопје заминува за Приштина на средби со владини претставници, политички лидери и претставници на граѓанското општество. Во фокусот на разговорите ќе бидат напорите на САД да помогнат во унапредувањето на косовската и евроатлантската интеграција, вклучително и преку дијалогот олеснет од ЕУ за да се постигне сеопфатен договор за нормализација на односите меѓу Косово и Србија, фокусирани на меѓусебното признавање.

На 12 јануари, Шоле ќе продолжи во Белград, каде со раководството на српската Влада ќе разговара за енергетската безбедност, регионалната економска интеграција и напредокот кон целта на Србија за пристап во ЕУ. Тој, исто така, ќе разговара за улогата на Србија во зајакнувањето на регионалниот мир и безбедност и нејзиниот континуиран ангажман во Дијалогот олеснет од ЕУ за нормализирање на односите со Косово.

Шоле ќе допатува во Северна Македонија, Косово и Србија откако претходно ќе ги посети Обединетите Арапски Емирати, од 8 до 10 јануари, како дел од меѓуагенциска делегација за да учествува на првиот состанок на работните групи на Форумот Негев. Тој ќе копретседава со работната група за регионална безбедност и ќе има консултации со претставници од владите на Бахреин, Египет, Израел, Мароко и Обединетите Арапски Емирати. Дискусиите ќе се фокусираат на унапредување на иницијативите за поттикнување на регионалната интеграција и соработка. На маргините на овие мултилатерални состаноци, Шоле ќе има билатерални ангажмани со клучните претставници на Емиратите за најновите регионални и глобални случувања, вклучително и во врска со руската војна против Украина, Либија и Иран.

Извор: Zoom. mk

Слични Објави