КОЈ САКА ДА ИЗМАНИПУЛИРА СО НАЈРАНЛИВАТА КАТЕГОРИЈА НА ГРАЃАНИ?!

//

НА ПОВИДОК Е УШТЕ ЕДЕН ОБИД ДА СЕ ИЗМАНИПУЛИРА СО НАЈРАНЛИВАТА КАТЕГОРИЈА ГРУПА НАГРАЃАНИ: лицата со попреченост и невработените (лични асистенти) ИЛИ? Каде лежи одговорот?

Загрижувачки е податокот кој неофицијално кружи низ центрите за обука на проектот „Обука за личен асистент на лица со попреченост” кој е во завршниот модул и на крајот до стекнување за сертификат со кој ќе можат да ни ја пружат долгоочекуваната услуга за полесно независно живеење. Очигледен е обидот да се наметне обврска да се биде ЛИЧЕН АСИСТЕНТ на лице со попреченост без притоа да се конкретизираат точни информации за статусот на идните ЛИЧНИ АСИСТЕНТИ, поточно статус на НЕВРАБОТЕНО ЛИЦЕ кое и понатаму има обврска за активен барател на работа кое ќе биде ангажирано и ќе му биде исплатен хонорар кој сѐ уште не е точно определен .

Првичните најави од МТСП беа дека ќе им бидат исплатени по 200,00 ден за еден час-максимум 80 часа месечно асистенција без да се прецизира дали станува збор за бруто или нето исплатен час. За да во меѓувреме се шпекулира со различни износи ,со што се доведуваме во опасност ние ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ да поради незадоволството кое веќе е изразено со револт од страна на идните ЛИЧНИ АСИСТЕНТИ и најави дека поради сето горе наведено, нема да прифатат да асистираат, ниту еден час од предвидените 80 часа. А како резултат на ова најголема штета ке претрпиме ние лицата со ПОПРЕЧЕНОСТ! ЗОШТО И ПОНАТАМУ СЕ ПРЕМОЛЧУВА реалната слика?! ЗОШТО И ПОНАТАМУ со молчење се ОПРАВДУВА нечија неодговорност и се залажува јавноста дека се прави чекор за ИНКЛУЗИВНО ОПШТЕСТВО и се користат беницифиите кој ги нудат ЕВРОПСКИТЕ Фондови ?



Каде е одговорот?

Писмо на наш читател, кој сака да остане анонимен



Претходна статија

ИНИЦИЈАТИВА ЗА ОСНОВАЊЕ МЛАДИНСКИ КУЛТУРЕН ЦЕНТАР ВО ОПШТИНА АЕРОДРОМ

Следна статија

НАПРЕД КОН ЕВРОПА СО ЃУБРЕТО ВО ОУ „ЈОХАН ХАЈНРИХ ПЕСТАЛОЦИ“

Најново од Ваш став

Денот на булките

Facebook статус на Никица Корубин Деновиве во Велика Британија се сеќаваат на жртвите од Првата светска