ИНИЦИЈАТИВА ЗА ОСНОВАЊЕ МЛАДИНСКИ КУЛТУРЕН ЦЕНТАР ВО ОПШТИНА АЕРОДРОМ

//

Група млади луѓе, кои се дел од програмата за локален младински активизам на Младите можат, активно работат на иницијативата за основање Младински културен центар SLAP (Sounds Lika A Plan) во Општина Аеродром.
Центарот се планира да биде составен од пет клуба кои ќе бидат активни во областите – драма, поезија и проза, музика, фотографија и сликање.
Со цел да се поттикнат младите директно да земат учество во оваа иницијатива, неодамна се одржа еднодневна креативна работилница во ООУ „Александар Македонски“ на тема „Боите на мојот свет“. Учесниците на работилницата, преку интерактивни активности, имаа можност да ги зголемат своите знаења и вештини од областа која претходно ја избраа. По завршувањето на активностите, учесниците ги презентираа своите дела, кои ќе останат во Културниот центар SLAP како одбележување на почетокот на работата на новото креативно катче во Општината.
Слични работилници, организаторите најавуваат и за наредниот период, а истите ќе бидат отворени за сите млади од Град Скопје, независно во која општина живеат. Локациите на нивното одржување ќе бидат дополнително објавени.
Општина Аеродром ги поддржува ваквите иницијативи и ги охрабрува младите активно да учествуваат во креирањето на културниот живот и во развојот на локалните политики.





Претходна статија

ПОЛИЦИСКОТО ОДДЕЛЕНИЕ ЗА СООБРАЌАЈНО ЕСКОРТНО ОБЕЗБЕДУВАЊE БЕА ПРЕВЗЕМАНИ ПОСЕБНИ МЕРКИ И АКТИВНОСТИ ВО ДЕЛОТ НА СООБРАЌАЈОТ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА ОРГАНИЗИРАЊЕ И УЧЕСТВО ВО ДИВИ ТРКИ НА МОТОРЦИКЛИСТИ

Следна статија

КОЈ САКА ДА ИЗМАНИПУЛИРА СО НАЈРАНЛИВАТА КАТЕГОРИЈА НА ГРАЃАНИ?!

Најново од Вести