| |

ОСМАНИ ИСПРАТИ ЧЕСТИТКА ДО НЕГОВАТА КОЛЕШКА ЗАХАРИЕВА ПО ПОВОД 3 МАРТ- НАЦИОНАЛНИОТ ПРАЗНИК НА БУГАРИЈА

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи упати честитка до неговата колешка министерката за надворешни работи на Република Бугарија Екатерина Захариева по повод 3 Март, националниот празник на нашиот источен сосед.
„ Односите со Република Бугарија ги сметам за исклучително важни, додека заложбата за нивно натамошно зајакнување е од посебен интерес во насока на развивање на добрососедските односи. Република Северна Македонија останува цврсто посветена на имплементација на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка како важна алка во зајакнувањето на довербата меѓу нашите граѓани, наведува Османи во честитката до Захариева.

„Подршката од Република Бугарија за евроатлантската перспектива на Република Северна Македонија значи сигурна потпора за нашите највисоки стратешки приоритети и претставува потврда за пријателството меѓу нашите граѓани. Заедничкото претседателство со Берлинскиот процес оваа година, беше историски момент со огромна симболика, кој покажа дека регионот презема иницијатива и одговорност врз процесите кои ја определуваат неговата иднина. Тоа беше потврда дека земја-членка на ЕУ и земја-кандидат можат да работат заедно во интерес на земјите од регионот. Уверен сум дека само преку континуирана примена на досегашниот пристап заеднички ќе успееме да ги надминеме сите предизвици и ќе обезбедиме сестран прогрес за нашите граѓани. Со тоа убедување, упатувајќи уште еднаш честитки до Вас и до граѓаните на вашата земја, примете ги, почитувана колешке, изразите на моето највисоко почитување, пишува Османи во честитката до бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева.



Слични Објави