СЈО БАРА ОСУДИТЕЛНА ПРЕСУДА ЗА ЛАТАС И БРАЌАТА И ОДЗЕМАЊЕ НА ВИКЕНДИЧКИТЕ

//

Со завршни зборови на Специјалното јавно обвинителство продолжи судењето за случајот „Травник“ кој се однесува на викендиците на новинарот Драган Павловиќ Латас и неговите браќа во Зелениково. Според СЈО, обвинетите Драган, Срѓан и Звездан Павловиќ ги извршиле кривичните дела за кои се обвинуваат со умисла, бидејќи биле свесни дека ги градат куќите во Зелениково без одобренија за градење, биле свесни за забранетоста на таквите дејствија и дури биле свесни дека куќите можат да им бидат срушени затоа што ги граделе бесправно, но сепак продолжиле со градење.

Во завршните зборови се споменуваат и „бомбите”, исказите на сведоците, материјалните докази, како и останатите аргументи кои СЈО ги има во овој предмет. 

„Зеко ние ако до октомври не го завршиме ова после тоа имаме проблем бидејќи немаме дозвола за градба“ за потоа да додаде „…ние прво немаме средено. Ако ние до октомври не го средиме почињаат изборни кампањи и никој не не е… Никој заради нас нема да се пенали таму да го пљукаат и ние немаме дозвола за градба, може сабајле да дојде да те руши. Ти си свесен колку е озбилна ситуацијата“.

Во разговорот означен како остварен на 02.08.2012 година, обвинетиот Драган Павловиќ Латас му кажува на обвинетиот Срѓан Павловиќ „….мене ми е битно да го дадеме барањето за градба пред избори може тоа да го е….. градоначалникот заради тоа, затоа мора порано да завршиме со папирите…“



Завршниот збор за предметот „тревник“ прочитајте го овде.

Претходна статија

БЕКТЕШИ: ДО НАЕСЕН ЌЕ СТАРТУВА СО ПРОИЗВОДСТВО И МАКЕДОНСКО-ХОЛАНДСКАТА КОМПАНИЈА

Следна статија

СПРЕЧЕН ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД ВО СИДНЕЈ, УАПСЕНИ ТРИ ЛИЦА

Најново од Вести