| |

Амбасадорот на Бугарија Ангелов и директорката на бугарскиот Културно информативен центар Велева се сретнаа со министерот за култура Зоран Љутков

Амбасадорот на Република Бугарија во Скопје, Ангел Ангелов, и директорката на бугарскиот Културно информативен центар Скопје Антонија Велева, се сретнаа со министерот за култура на Република Северна Македонија Зоран Љутков, јавуваат од бугарската културна институција.

Во рамките на средбата беа разгледани реализираните настани досега од културниот календар меѓу двете држави и учеството на бугарски учесници на меѓународни фестивали во Република Северна Македонија.

Директорката на бугарскиот Културно информативен центар го постави акцентот на идните заеднички културни проекти кои се дел од програмата на центарот во Скопје и треба да се одржат до крајот на оваа година, со поддршката на Министерството за култура на Република Бугарија и Министерството за култура на Република Северна Македонија.

Слични Објави