| |

КОЈА Е ПРИЧИНАТА ЗА ПОПУЛАРНОСТА НА ПУТИН НА ЗАПАД?

Претседателот на Русија Владимир Путин ужива голема популарност во западните земји меѓу претставниците на различни политички опции, пишува австриското издание „Дер стандард“.

Меѓу главните причини за таквата популарност весникот издвојува три фактори.

Прво, рускиот лидер се покажува себеси како поддржувач на традиционалните вредности, особено идеалите за машкост и семејство. Тој се залага за ред во светот кој е „втурнува во голем хаос” објаснува весникот.

Второ, Путин е противник на хегемонијата на западните земји во општествената, воената и економската сфера на животот. Конкретно, тој е против пропаганда на хомосексуалност и феминизам, против НАТО, не му се допаѓа хегемонијата на американската валута на светската сцена. Вешто му се спротивставува на универзалното мислење кое пропагира дека либерализмот треба да го одреди светскиот поредок, додава „Дер стандард“.

И трето, австриското издание се восхитува на личните квалитети на рускиот претседател. Путин е многу добра личност, тој се карактеризира со самопочитување и духовитост, не е фалбаџија, туку е скромно и има големо чувство за хумор. Накратко ова се квалитетите кои ја објаснуваат големата популарност на рускиот претседател.

Слични Објави