| |

Европскиот парламент ги отфрли српските антибугарски фалсификати „Шопска нација“ и „Сурдулички маченици“

Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент (AFET) остро ја осуди српската пропаганда поврзана со термините „шопска нација“ и „Сурдулишки маченици“. AFET го прифати извештајот на известувачот Тонино Пицула за Србија, во кој беа вклучени клучни амандмани поднесени од бугарски европратеници. Ова за БГНЕС го потврдил бугарскиот европратеник од редовите на ЕНП д-р Андреj Ковачев. Документот бил усвоен со 55 гласа „за“, 13 „против“ и 8 „воздржани“.

Во извештајот се нагласува дека Србија значително заостанува во реформите за владеењето на правото, слободата на медиумите и борбата против корупцијата. Исто така, критички се оценува блиската соработка на Белград со Русија, што предизвикува загриженост за нејзината стратешка ориентација.

Документот ги осудува постапките на српските власти за стимулирање на говорот на омраза против Бугарите, вклучувајќи организирање на настани и проекти кои ја промовираат тезата за „бугарски злосторства“ за време на Првата светска војна. Особено е осудено воведувањето на натпревари за ученици кои пишуваат за „окупацијата од Бугарија“, со што се поттикнува антиевропски дискурс.

Европскиот парламент упати критика и за недостатокот на транспарентност во медиумската сопственост и финансии, како и за политичкиот притисок врз академската заедница. Се повикува на итно судско процесуирање на одговорните за терористичкиот напад во Банска во 2023 година, како и на имплементација на претходните договори меѓу Белград и Приштина.

Европските пратеници предупредуваат дека напредокот на Србија кон членство во ЕУ мора да биде условен од усогласувањето со санкциите на ЕУ против Русија и спроведувањето на клучните реформи. Доколку Белград продолжи да избегнува усогласување, се бара Европската комисија да го преиспита обемот на финансиската помош за Србија.
Документот ќе биде претставен за усвојување како предлог-резолуција на сесијата на Европскиот парламент во Стразбур во периодот од 5 до 8 мај.

Слични Објави