ЗАЕВ: НЕ ИЗЛЕГУВАЈТЕ ОД ДОМА АКО НЕ Е ПОТРЕБНО

//

Премиерот Зоран Заев денеска на својот Фејсбук профил упати апел до граѓаните за почитување на мерките за заштита, кои, како што посочува се неопходни и побара максимална ангажираност на институциите со цел нивно доследно спроведување.

– Вирусот во овој бран е многу поопасен и многу побрзо прогресира. Затоа клучно е да се ограничи бројот на контакти коишто ги правиме со други луѓе.Ова е момент кога е потребна целосна мобилизација на граѓаните и општеството во заштитата на јавното здравје коешто е обврска на секој од нас. Повикувам на максимална одговорност од сите. Седете дома во наредниот период! Не излегувајте ако не е потребно и никако не се групирајте!, напиша премиерот Заев на социјалната мрежа Фејсбук.



Претходна статија

ХАСАНИ: МЕРКИТЕ СЕ РЕСТРИКТИВНИ, НО ИМАВМЕ ДВА ИЗБОРА ИЛИ ДА СЕ ОГРАНИЧИМЕ ИЛИ ДА СЕ ЗАТВОРИМЕ ЗА БАЈРАМ И ВЕЛИГДЕН

Следна статија

ВАЖНА ИНФОРМАЦИЈА ЗА СИТЕ КОИ ИМААТ ТЕРМИНИ ЗА ВАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ДОКУМЕНТИ

Најново од Вести