| |

Фолклорната група „Кочерински славеј“ од Бугарија настапи на меѓународен фолклорен фестивал во Охрид

Фолклорната група „Кочерински славеј“ при Општина Кочериново учествуваше на 30-от Меѓународен младински и детски фолклорен фестивал „Macedonian Dance“, што се одржа од 24 до 28 август 2026 година во Охрид, јавува Пиринско.

Групата, предводена од Стојка Германова, пред публиката и учесниците од повеќе земји ги претстави бугарски фолклор, традиции и културно наследство. За учеството на фестивалот „Кочерински славеј“ доби диплома и сертификат.

Општина Кочериново изрази ја изрази својата благодарност до раководителката Стојка Германова и до сите членови на групата за нивниот труд и посветеност кон народните традиции.

„Со секој свој настап го одржувате жив бугарскиот фолклор и достоинствено го претставувате далеку надвор од границите на Бугарија. Се гордееме со вас“, соопштија од Општина Кочериново.



Слични Објави