| |

Нова онлајн платформа ја поврзува бугарската заедница во Канада

Бугарскиот културен центар во Канада пушти во употреба интерактивна веб-платформа со информации за бугарската заедница во земјата, јавува Радио Бугарија.

„Ја создадовме оваа платформа со една едноставна, но важна идеја – да ја собереме бугарската заедница во Канада на едно место“, соопштија од центарот.

На страницата се објавуваат информации за претстојни настани, фестивали и културни иницијативи, како и податоци за бугарски организации, училишта, фолклорни состави, цркви и здруженија.

Платформата содржи и бесплатен деловен регистар за бугарски претприемачи, професионалци, уметници и даватели на услуги во Канада, со цел полесно поврзување меѓу луѓето. Од Бугарскиот културен центар ги повикаа членовите на заедницата да доставуваат информации за свои активности и иницијативи.

Слични Објави