ВИДЕО: НАЈМАЛКУ 14 ЛИЦА ЗАГИНАА ВО НАПАД НА ТУРСКИТЕ СИЛИ ВО СЕВЕРНИОТ ДЕЛ НА СИРИЈА
Најмалку 14 лица загинаа, меѓу кои и петмина цивили, во напад на турските сили врз еден конвој во кој имало и странски новинари, во непосредна близина на градот Рас Ал Аин, северниот дел на Сирија, соопшти сирискиот центар за набљудување на човековите права.
Според оваа невладина организација со седиште во Лондон, во нападот биле ранети уште најмалку 10 лица. Известувачот на телевизијата „Франс 2″ вели дека, во моментот на нападот во конвојот имало и повеќемина странски новинари.