Турската жандармерија е клиент на компанија со бугарски сопственици
Жандармеријата во Турција е меѓу клиентите на компанија со бугарски сопственици – Христо Даскалов и Николај Кичев. По успешниот развој на бизнис со GPS-системи во Бугарија, двајцата започнале да размислуваат за проширување на својата дејност. Така, во 2020 година тие ја купија турската компанија „Мобилиз“, пренесува БТА.
„Не беше лесно – бугарската компанија е помала од турската, односно помал играч купи поголем“, вели Даскалов. Дополнителен предизвик беше фактот дека периодот се совпадна со пандемијата на COVID-19.
И покрај тешкотиите, тие успеаја да го развијат бизнисот. Од 80 вработени во 2020 година, денес компанијата брои 130 лица и одржува GPS-системи на речиси 500 илјади автомобили во Турција. Повеќе од 40 софтверски инженери во Анкара работат на нови функционалности кои треба да одговорат на побарувачката и да овозможат навлегување во нови сектори.
