| |

И СО БУГАРСКО „ДА“ НЕ МОЖЕ ДА СЕ УСВОИ ТЕКСТОТ ЗА ПРЕГОВАРАЧКАТА РАМКА НА МАКЕДОНИЈА

„И да имаме бугарска согласност, ние на состанокот единствено што можеме е да се сложиме околу текстот на преговарачката рамка, но не можеме да го усвоиме преку видео-конференција“, велат дипломатски извори од ЕУ, јавува Локално.

Веќе е познато дека Бугарија ќе го истакне уште еднаш својот негативен став, па така, нема да се дојде до придвижување на преговорите на релација Скопје-Софија.

Имено, Советот за општи работи на ЕУ ќе се одржи како видео-конференција поради вториот бран на ковид пандемијата, и, како што објаснуваат дипломати од ЕУ, правилникот за ваков формат на средби не дозволува носење одлуки како таа за преговарачката рамка за Македонија.



Слични Објави