ЗАХАРИЕВА: МАКЕДОНИЈА ИМА МЕСТО ВО ЕУ, НО ВО МОМЕНТОТ НЕ Е ПОДГОТВЕНА ЗА ТОА
„Бугарската дипломатија не може да си дозволи да води политика на оцрнување на друга земја, како што, за жал, гледаме дека во Скопје се прави. Ние сме земја-членка на Европската унија“, изјави бугарската национална телевизија вицепремиерот и министер за надворешни работи на Бугарија Екатерина Захариева, по повод сè уште отворените прашања со Република Македонија, кои се на дневен ред.
„ Македонија ќе има место во Европската унија кога ќе биде подготвена. Во моментов, Бугарија не смета дека Македонија е подготвена, вели Екатерина Захариева.
Според Захариева, властите во Скопје многу погрешно се потпирале на можноста Бугарија да биде „притисната“ и да ја смени својата позиција.
„Кога ќе се смират страстите, вклучувајќи и во Бугарија, и ќе почне да се мисли не толку емотивно, кога ќе прекинат да се придржуваат кон градењето држава, единствено и само врз антибугарска идеологија, тогаш ќе постигнат многу повеќе. Од вистината не може да се избега“, вели Захариева.

