НАД ЕДЕН МИЛИОН ДЕЦА ВО САД СЕ ПОЗИТИВНИ НА КОРОНАВИРУС
Според податоци од студијата на Американската академија за педијатрија, коронавирусот е потврден кај повеќе од еден милион американски деца. Најголем број новозаразени деца е забележан минатата недела.
Иако тешките случаи на Ковид-19 се чини дека се ретки кај децата, постои итна потреба да се соберат повеќе податоци за долгорочните ефекти на коронавирусот врз децата, вклучувајќи го и емоционалното и менталното здравје, пишува „Њујорк пост“.
Како што е наведено, вкупно 1.039.464 деца во САД досега биле заразени со коронавирус, што е 11,5 проценти од сите заразени.