| |

УШТЕ ЕДНА ЖРТВА ОД КОРОНА ВО МАКЕДОНИЈА, УТВРДЕНИ 26 НОВИ СЛУЧАИ!

Утрово на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина еден пациент на 79 години, од Дебар. Пациентот е дијагностициран позитивен на Ковид-19 на 23 март, а со влошена здравствена состојба хоспитализиран на клиниката во Скопје на 25 март.

Во изминатите 24 часа се регистрирани 26 нови случаи на коронавирус во земјава, со што вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19, до 12.00 часот денеска, изнесува 285 лица.



Слични Објави