ВАЖНО! ДА ГО ПОСЛУШАМЕ Д-Р НЕНАД ЛАЗАРОВ: НЕ ТРЕБА ДА СЕ НОСАТ ЛАТЕКСНИ И НИТРИЛНИ РАКАВИЦИ

//

Свесни ли сте која дисеминација правите со тие ракавици што ги носите со часови?

Тоа се ракавици за еднократна употреба, ЕДНОКРАТНА!
Не да пазариш и да шеташ со нив цел ден, не за касиерки, насекаде!
Маските што скоро сите несоодветно ги носите и манипулирате, ги допирате со истите тие ракавици, катастрофа!

Не миете раце заради лажно и апсурдно чувство на сигурност кое самото носење ви го дава, а пред се затоа што не се мијат раце со ракавици на нив!
Тоа ќе не чини животи!

Едноставна е препораката,
мијте раце често дури и “компулсивно” , задолжително по било каков надворешен контакт!
Користете дезинфициенси на база на алкохол и сл. секогаш кога не е можно миење на рацете со сапун
Не го допирајте лицето, особено не носот, очите и устата, барем трудете се што помалку!
Оние кои кашлаат и киваат, првенствено да останат дома, никој од нас не знае дали е инфициран или не, никој!
Кашлање и кивање во внатрешен агол на лактот, никако дланки!

Препорачувам да броите колку пати миете раце во текот на денот, како стимуација.
Пример, во 8 часовно работно време, барем 16 пати, ако имате контакт со повеќе различни предмети, хартија и тн. соодветно повеќе.

Гледав тв по неколку дена апстиненција, интервјуираа луѓе, СИТЕ ДО ЕДЕН, вклучувајќи го и новинарот, со ракавиците ги допираа маските и лицето, маските им беа под носот, под брадата, цел ден една маска…



Одвратно. Катастрофално. Разочарувачки.

Ќе ги разболите за брзо сите лекари, а потоа Исус, Алах, Буда и тн. нека ви се на помош!

Facebook статус на д-р Ненад Лазаров

Претходна статија

ПОЧИНА ТЕШТАТА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ПЕНДАРОВСКИ СЕ ЧЕКА РЕЗУЛТАТОТ ДАЛИ ПРИЧИНАТА Е КОВИД-19

Следна статија

ЛИЦЕ СМЕСТЕНО ВО КАРАНТИНОТ НА ПОПОВА ШАПКА ПОЗИТИВНО НА КОВИД-19

Најново од Вести