Вечерва ќе заседава Централниот одбор на СДСМ
Централниот одбор на СДСМ ќе одржи седница, вечерва во 20 часот, информираат од партијата.
Од СДСМ во изминатите денови посочуваа дека се водат секојдневни консултации и работни состаноци со партнерите во коалицијата од парламентарното мнозинство, како и во рамки на највисокото партиско раководство.
Теми на вечерашната седница се очекува да бидат најавената оставка на премиерот и лидер на Социјалдемократскиот сојуз Зоран Заев, анализа на изборните резултати и последните случувања на политичката сцена по поднесената иницијатива за доверба на Владата.
За заклучоците и одлуките на Централниот одбор, партијата ќе ја информира јавноста по завршување на седницата.
Извор: Темите