|

(Видео) „Агент провокатор“: која е девојката што го снимаше и му го загорчи животот на албанскиот градоначалник

Девојката поради која беше разрешен градоначалникот на албанскиот град Кукс, Сафет Ѓичи, всушност е „агент провокатор“ преку кој криминална група изнудувала пари од фунцкионери и бизнисмени. Групата изнудувала под закана дека ќе објави експлицитен материјал во јавноста, пишуваат албанските медиуми.

Полициски извор откри дека девојката по име Алма Кучи се среќава со високи функционери, политичари, познати личности и бизнисмени. Потоа ги заведува, ги снима, а  група во позадина подоцна ги уценувала жртвите.

Првиот човек на Кукс беше разрешен по објавувањето на видеото каде во канцеларијата на општината има орален секс со оваа девојка.

Неофицијални извори посочуваат дека девојката е добро обучен агент.

Неофицијални извори велат дека девојката има и други, необјавени видеа со познати личности во Албанија. Според она што го пренесува „Корупсиони.ал“, Алма Кучи била во роднинска врска со заменик директорот на ШИШ, Владимир Елези. Елези денес е директор на Тајната служба во Кукс, каде се смета дека се родила идејата да се снима Сафет Гичи.

Слични Објави