(Видео) Битиќи: Социјалдемократските политики го заштитија стандардот во време на кризи
Денеска е јасно дека доколку за време на последните три кризни години, постковид, енергетската и економската криза, Владата не ги спроведеше мерките што ги спроведовме за заштита на стандардот на најранливите групи, а потоа и зачувување на работните места, денеска ќе имавме полоша слика“, изјави заменик-претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи.
Тој учествуваше на панел-дискусијата со наслов „Достоинствен живот или преживување?“, во организација на Македонската платформа против сиромаштијата (ПППС) во рамките на одбележувањето на интернационалниот ден за искоренување на сиромаштијата, 17 Октомври, чија годинашна порака е „Пристојна работа и социјална заштита: достоинството во пракса, за сите!“
Во својата изјава за медиумите вицепремиерот Битиќи рече дека оваа важна дискусија доаѓа навреме, посебно постковид, кој го следеше енергетска и економска криза и, секако, војната на нашиот континент.
„Сето ова влијае на продлабочување на јазот на ранливите групи. Со овој проблем се соочуваме ние, но и земјите во светот. Денеска, јасно е дека доколку за време на последните три години Владата не ги спроведеше мерките што ги спроведовме за заштита на стандардот на најранливите групи, а потоа и зачувување на работните места, денеска ќе имавме полоша слика. Социјалдемократските политики ги заштитија и ќе продолжат да го заштитуваат стандардот и да ја подобруваат благосостојбата на сите граѓани“, изјави Битиќи.
Вицепремиерот Битиќи додаде дека ваквите студии се добри за креирање политики базирани на докази и тоа и ќе продолжиме да го правиме.
„Постојано велам дека системските решенија се нужни за стабилност и предвидлив развој, но и истовремено ги заштитуваат најранливите, оние чии права први и најлесно се повредени во време на криза или политички премрежиња. Ние донесовме такви системски решенија, тоа е носењето на минималната плата и методологијата за пресметка на пензиите.
Оваа категорија граѓани како никогаш од независноста досега е заштитена токму од ваквите појави. Оваа Влада покажала дека се грижи, еднакво за сите, така и ќе продолжиме“, рече Битиќи.