(Видео) Божикна мото-поворка со маскирани како Дедо Мраз мотористи низ улиците на Софија
Десетици мотористи, маскирани како Дедо Мраз, Снежана и џуџињата, денеска реализираа божикна мото-поворка низ улиците на бугарскиот главен град Софија, јави репортер на БГНЕС.
Мотористите тргнаа од паркингот на Националниот историски музеј во населбата Бојана, а поворката продолжи по Обиколницата на Софија, булеварот „Цариградско шосе“ и булеварот „Витоша“, со завршница на плоштадот „Патријарх Евтимиј“.
Традиционалната божикна мото-поворка е организирана од најголемата мотоорганизација во Бугарија – „Софија Рајдерс“. На „Патријарх Евтимиј“, мотористите ќе украсат новогодишна елка и ќе поделат подароци.
Настанот е отворен за сите заинтересирани, под услов да поседуваат мотоцикл и соодветна документација.

