| | |

(Видео) Ефим Ушев: Јаков Змејкович е врската меѓу Македонија и бугарската планина Родопи

„Jaков Змејкович е една врска меѓу бугарската планина Родопи и поспецијално Златоград со Македонија, бидејќи се работи за еден лик, кој обединува. Целиот свој живот тој го посветил на описменувањето на децата од градовите на планината Родопи“, ова во емисијата „Hyde Park“ го изјави Ефим Ушев, општественик од бугарскиот Златоград и издавач на локалниот весник „Златоградски весник“.

Ушев е автор на научна статија посветена на преродбеникот од село Вруток Јаков Змејкович, која има за цел да внесе малку повеќе светлина во врска со датумот на смртта на преродбеникот, кој долги години ги учел децата од регионот на планината Родопи да читаат и да пишуваат. Статијата е објавена во Том 11 на зборникот Тракија, издание на Тракијскиот научен институт.

Ушев ги повика локалните историчари, да обрнат повеќе внимание на ликот и делото на Јаков Змејкович. Новинарот исто така даде предлог во родното село на просветителот, на негово име да биде именувана барем една улица.

Што уште кажа Ефим Ушев за Јаков Змејкович погледнете во видеото што следи:

Слични Објави