(ВИДЕО) ЕКСКЛУЗИВНО ЗАХАРИЕВА: ЛАГА Е ДЕКА БУГАРИЈА ГО ОСПОРУВА МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

Лага е дека Бугарија го оспорува идентитетот на Македонците, вели во екслузивно интервју за зум.мк, бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева.

loading...

„Многу пати сме го кажувале и вашите политичари го знаат тоа. Но некако полесно е да се претстави пред вашата јавност и пред европските политичари, тоа дека Бугарија го оспорува идентитетот. Мислам дека тоа прашање е решено, со актот на признавањето на вашата независност, од страна на Бугарија, како прва земја“, истакнува министерката Захариева.

Захариева се сомнева дека македонските власти го потпишале Договорот за добрососедство во 2017 година само Северна Македонија да стане членка на НАТО.

„Договорот е дециден. Во него пишува дека имаме заедничка историја. Сега треба да најдеме начин, како да ја кажеме вистината на генерациите да ги запреме заблудите и да најдеме начин како да гледаме заедно напред кон иднината. Не треба да губиме уште години. Верувам дека тоа може да се случи, јас сум оптимист. Ќе биде тешко, но ќе се случи. Во духот на добра волја ќе се случи“, се надева Захариева.



loading...

Во врска со изградабата на коридорот 8, таа смета дека е незамисливо во 21 век меѓу двете земји да нема железничка пруга.

„Коридорот 8 не е важен само за Бугарија, тој е важен и за вас. Вашиот бизнис ќе има корист од него. Многу сигнали од бугарски компании, што сакаат да создаваат работни места и да инвестираат во вашата земја, за тоа дека им се прават административни пречки за да го развиваат својот бизнис“, вели шефицата на бугарската дипломатија додвајќи дека владите треба да работат на поврзување на бизнисите и на образовните и културни институции на двете земји.

Според неа, Бугарија и други соседни земји се најголеми лобисти за интеграција на земјите на Западен Балкан во Европската унија.