| | |

(Видео) Грег Чачоф, ветеран од МПО: „Бугарското училиште во Синсинати ја продолжува традицијата на македонско-бугарското училиште во градот од 30-тите години на минатиот век”

Продолжува серијата видео разговори објавени во каналот на подкастот Коридор 8 во YouTube, во кои Грег Чачоф ја раскажува историјата на МПО погледната низ неговата перспектива. Во емисијата „Лекции од 100 години активизам“, г-дин Чачоф, кој е активен член во ограноците “Бистрица” во Синсинати и “Свобода” во Колумбус во државата Охаjо зборува за 100-годишниот активизам на МПО.

Во емисијата беше прикажана фотографијата од Македонско-бугарското народно училиште во Синсинати направена на 25 мај 1935 година, на денот на браќата Св. Кирил и Методиј. На самата фотографија пишува:

„Св. св. Кирилъ и Методий сѫ родени отъ Макеодния въ гр. Солунъ, въ сърдцето на поробена Македония, за която ние се боримѣ въ Америка чрезъ М.П.О. за нейната свобода.“

„Многу добро ми е позната оваа слика, која се појави во алманахот на МПО. Тоа е маестрална збирка за нашата историја. Имаше и збирка за американската историја и беше напишана на бугарски јазик. Таму имаше информациите кои што им беа потребни на луѓето за да го полагаат тестот за Американско државјанство. Понатаму имаше слики од селата, имаше приказни за селата и потоа имаше слики од месните заедници. Оваа слика овде беше една од сликите кога зборуваа за Синсинати. Можете да го видите мојот татко Филип Чачоф, а веднаш зад него е неговиот брат Мајкл Чахоф, го викавме Мич или Мичи. Десно беше девојката со која се ожени Мич. Ова е мојата тетка Ана […] Ги препознавам некои од овие лица, но не се сеќавам на нивните имиња. Тоа токму таму кажува многу за семејството Чахоф. Се сеќавам дека вујко ми зборуваше за тие часови за учење на бугарскиот јазик и малку историја. Како да читате и како да пишувате“, раскажува Чачоф пред водителот на емисијата Георги Станков.

Активистот на МПО говореше и за неодамна објавената прокламација од гувернерот на државата Охајо во чест на тоа училиштето.

„Тоа училиште во суштина сè уште постои, бугарската заедница во Синсинати го оживеа. Ми беше испратена копија од резолуцијата оваа недела во чест на создавањето и фактот дека училиштето сè уште постои“, вели Чачоф.

Во разговорот со Грег Чачоф се подвлекува и важноста на алманахот на МПО и се разбира активното учество на заедницата во неговото составување преку огласи и податоци за семејствата од општноста.

„Сето тоа е опишано во алманахот. Исто така, алманахот покажа дека секое семејство купило реклама. И семејството на мајка ми и семејството на татко ми, тие имале реклама таму на која има семејна слика и мала биографија на семејството под неа, кажувајќи од каде доаѓаат, кога дошле во каква работа се занимаваат. Тоа беше начин луѓето во заедницата низ САД и Канада да видат што прават луѓето во другите градови. И на многу места бизнисите би имале оглас. И ако некој го посетуваше Синсинати, може да рече „ајде да одиме да го видиме бизнисот на Кољанов“ и да отиде во неговиот бар, или во пекара или ресторан. Тој алманах беше фантастична книга, фантастична публикација за целата заедница на МПО“, вели Чачоф за Коридор 8.

Целата серија разговори со Грег Чачоф во Коридор 8 можете да ја погледнете на следниот линк.



Слични Објави