(Видео) К8: Бегство од(во) времето со Анџела Родел, Душко Крстевски и Денис Станков-Кагор
Погледнете ја најновата епизода на подкастот Коридор 8. Синоќа гости во македоно-бугарската седенка беа преведувачите Анџела Родел, носителка на наградата „Букер“ за преводот на „Засолниште во времето“ на познатиот бугарски писател Георги Господинов на англиски јазик, Душко Крстевски, автор на преводот на „Засолниште во времето“ за македонската публика и Денис Станков- Кагор, Бугарин од Украина, кој се бори против руските агресори, што ја нападнаа неговата земја во 2022 г.

