| | |

(Видео) Како феникс од пепелта: Како оживеа едно училиште во Северозападот на Бугарија

Симбол на просветата и новото начало — во селото Ослен Криводол беше свечено отворeн дел од обновената зграда на поранешното училиште, затворено во 1969 година и оставено со децении на милоста на времето, јавува Актуално.

Зад идејата за негово оживување стојат градоначалникот и неговото семејство, чии напори се насочени кон враќање на животот во бугарските села и покажување на младите генерации дека животот надвор од големите градови носи многу предности.
„Не води тоа што веруваме дека едно речиси уништено село може да се обнови и да тргне напред. Имаме голем прилив на млади луѓе кои бараат и купуваат куќи тука. Сакавме да изградиме мали куќи во кои луѓето ќе можат да живеат во природа и да се чувствуваат добро“, вели градоначалникот на Ослен Криводол, Роман Иванов.

И покрај ограниченото финансирање, обновата на училиштето и идејата за оживување на селото се реализираат со многу труд, посветеност и вера дека секоја обновена зграда може да стане центар на заедницата и симбол на надеж за иднината.
„Во 2019 година, кога дојдов, луѓето дури и не знаеја дека селото сè уште постои. Токму тогаш ми се разгоре желбата да направам нешто, да го подигнеме селото како феникс од пепелта и сите да чујат за него“, додава Иванов.

Како изгледа зградата на училиштето денес и што ги мотивира младите да го изберат животот на село — погледнете во репортажата.

Слични Објави