(Видео) Колев: Еднаквоста на граѓаните пред законот не важи за Бугарите во РС Македонија

///

„Ние како Бугари бараме да имаме еднакви права со сите останати етнички заедници во Македонија. И тоа да биде исполнето со содржина“, изјави во емисијата „Лице во Лице“ на бугарската телевизија БТВ, Петар Колев, лидер на партијата Граѓанско Демократска Унија. Тој потсети дека Декларацијата потпишана од двајцата премиери Костов и Георгиевски во 1999 година, не била спроведена а истото важи и за непотпишаниот Договор за добрососедство од 2017 година.

„Кршењето на човековите права и дискриминацијата се проблеми на мојата земја а не на Бугарија. Така што ние овој проблем очекуваме да си го решиме таму. Една од темелните европски вредности е еднаквоста на граѓаните пред Уставот и законите. За жал, тоа во Македонија не важи, посебно за нас Бугарите што живееме таму“, подвлече Колев.

Според него основниот проблем во РС Македонија е процесот на дебугаризација.
Што уште кажа Колев погледнете во видеото што следи:



Претходна статија

Оглас за вработување во УЈП- има место за Македонци, Албанци, Турци, Роми, Власи, Бошњаци, но за Бугарите нема

Следна статија

Кирил Петков: Уште во текот на овој месец ќе одам во Скопје

Најново од Вести