| |

(Видео) Кондов: На 24 мај ги славиме нашите јазик и писмо, кои се во основата на нашиот бугарски идентитет

„Го славиме нашиот јазик и писмо, кои се основа за зачувување на нашиот бугарски идентитет. На овој ден се сеќаваме на делото на светите браќа Кирил и Методиј и нивните ученици, благодарение на кои опстанавме и постоиме до денес“, изјави во своето обраќање по повод 24 мај- Денот на Светите браќа Кирил и Методиј, бугарската азбука, просвета и култура и на словенската книжевност, министерот за надворешни работи на Бугарија Иван Кондов.

„И денес, благодарение на Бугарија, кирилицата е една од трите официјални азбуки на Европската Унија“, вели во своето обраќање министер Кондов.

Во своето обраќање Кондов изрази благодарност и до припадниците на бугарските заедници надвор од границите на Бугарија, нарекувајќи ги современи будители, кои несебично го носат просветителското дело во своите сърца.


„Бугарската дипломатска служба е природно одредена од образованието и писменоста.
По традиција и убедување во нашето професионално секојдневие, не сме сами. Затоа, на денешниот ден на книжевноста, упатувам искрена благодарност до илјадниците наши сонародници ширум светот и дома, до стотиците бугарски заедници и организации во странство, до сите оние модерни будители, кои и покрај предизвиците на времето, несебично го носат просветителското дело во своите срца, ги воспитуваат младите генерации и неуморно работат за консолидација и проширување на бугарскиот јазичен и културен простор надвор од границите на Татковината“, вели Кондов.

Целото обраќање на министер Кондов по повод 24 мај, можете да го погледнете во видеото што следи:

Слични Објави