(Видео) Кучето робот „Спот“ бара преживеани во урнатата гаража во Њујорк
Куче-робот се движи меѓу урнатините од катната гаража во Њујорк, со цел да пронајде преживеани, но и да го процени уништувањето во кое загина еден работник и повреди пет лица.
Кучето по име „Спот“ се користи наместо пожарникарите, откако спасувачката акција беше проценета како ризична.
„Фала му на Бога што имаме куче-робот што може да влезе во зградата. Идеално е затоа што не мораме да испраќаме човечко суштество во зграда која е нестабилна“, изјави градоначалникот Ерик Адамс.
The @FDNY robot dog on the scene. #fidi #garagecollapse pic.twitter.com/JAHc3abVsD
— DaDa Rocks! (@dadarocks) April 18, 2023
Вредноста на роботот е речиси 75.000 долари.
Спот е тежок околу од 30 килограми, а е создаден од Boston Dynamics.
