(Видео) Куќата музеј на Панчо Владигеров – уникатна атмосфера на духовна комуникација
„Моја волја е сите мои авторски ракописи, печатени дела, песни и партитури, сите мои грамофонски плочи, ленти, како и целата моја архива составена од писма и разни други документи, да останат во мојот дом, без разлика кога истиот ќе биде претворен во музеј“. Вака пишува во својот тестамент големиот бугарски композитор, музичар, диригент и педагог Панчо Владигеров.
