|

(Видео) Кузеска: Да не го пропуштиме последниот воз за ЕУ, малцинствата во Устав

Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ оенува дека Македонија се наоѓа пред многу важен момент за нејзината иднина.

Во период кога, како што вели, Европската Унија повторно го отвори процесот на проширување како врвен геостратешки приоритет, Македонија не смее да остане настрана.

Според неа, доколку ја пропуштиме оваа шанса за полноправно членство во ЕУ, ризикуваме да станеме слепо црево на Балканот.

„Замјите од регионот напредуваат. Формирана е комисија за пристапниот договор на Црна Года, сериозен напредок има и Албанија.

Ова е историски момент што Македонија не смее да го пропушти.

Доколку не се качиме на овој европски воз сега, можно е вратите да бидат затворени со децении.

Ако останеме надвор од процесот, нема да бидеме дел од новите европски буџетски рамки, нема да имаме пристап до развојни фондови и ќе продолжиме да тонеме во сиромаштија и неизвесност.

Заглавена во корупција и криминал, со партизирани институции, систем којшто не функционира.

Најголемата цена ќе ја платат младите“.

Младите, додава таа, ќе продолжат да ја напуштаат државата, а Македонија ќе остане заглавена во изолација, без перспектива и без развој со најниски плати и најнизок животен стандард во Европа.

„Младите се разочарани, немаат време за губење и не веруваат на зборови, потреби се дела, потребна е промена на системот.

Затоа претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче го повика Христијан Мицкоски на државничка одговорност.

Заеднички да ги изгласаме уставните измени. Подготвени сме целосно да ја споделиме одговорноста за овој процес, како што тоа го правеле сите политички партии во државите што успешно преговарале и станале членки на Европската Унија.

Македонскиот идентитет, јазик и култура се заштитени и никако не се загрозени.

Преговараме со ЕУ а не со Бугарија, малцинствата се европско прашање“.

Кузеска порача, Мицкоски да не го користи нон- пејперот на Мерц како дополнително алиби и изговор да не се направат следните чекори, кои што како што сите укажуваат, не може да бидат променети.

Мерц, истакнува таа, не вели дека реформите не се потребни, напротив, овој предлог нагласува таа, е само порака која треба да ги мотивира земјите кандидати да работат побрзо и поефикасно.

„СДСМ не се согласува со предлогот за придружено членство без полноправно членство во Европската Унија.

Ние бараме целосно членство во Европската Унија.

Да ги внесеме малцинствата во уставот, да ги изгласаме уставните измени, за иднината на младите и иднината на државата.

Малцинства во Уставот сега. Европа сега“.

 

Слични Објави