|

(Видео) Митева: Владата честита Нова година, нема радиодифузна, но има поскапа струја за 400 денари на секоја сметка

„Владата ни честита Нова година. Нема радиодифузна, но има поскапа струја. Од 1 јануари најголем број од домаќинствата во Македонија ќе плаќаат и за 400 денари поскапа струја. Со покачувањето во третиот блок сметките ќе пораснат за 120 денари во просек. Дополнително, со таканаречената мрежарин што оја ја измислија сметките ќе пораснат за 250 денари“, рече Марија Митева, портпарол и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Со ова покачување власта удри по најранливите. Студентите и младите брачни парови, кои живеат под крија, земјоделците и пензионерите, кои имаат имот во град и по некоја трошна куќа на село.

Во услови кога 600.000 наши сограѓани живеат во сиромаштија да се покачи струја и до 400 денари е рамно на државен рекет и изживување со народот.

Власта се трудела да опфати што поголема бројка на граѓани за што повеќе да го полни буџетот од најсиромашните. Истите оние на кои потоа им праќа сметки со порака дека струјата ја субвенционира.

Лага е дека струјата е субвенционирана. Од 2017 година, од кога власта се фалеше дека ја укинала радиодифузната до денес, струјата е покачена над 50 %. И ова е работа за која лагите на власта се без нозе бидејќи секој граѓанин кога ќе ја види сметката за струја денес и таа пред 7 години знае што е вистина.

Со секој поминат ден со оваа власт се потврдува дека никогаш не било полошо. Затоа, важно е да ги поразиме!“, изјави Марија Митева, портпарол и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.



Слични Објави