(Видео)Перев: Дел од Македонците се надеваат Путин да се заложи Бугарија да ги признае Св. Кирил и Методиј, Св. Климент и Св. Наум како Македонци

//

„Симпатиите што ги имаат Бугарите кон Русија и симпатиите што ги имаат Македонците кон Русија се од различни причини, цели и желби. Едноставно некои овде очекуваат дека Русија ќе ја притисне Бугарија да потпише некакви договори со РС Македонија, во кои се признава македонска нација, македонска државност, македонско писмо“, изјави Владимир Перев, публицист и редовен колумнист на порталот Трибуна во своето гостување во утринската програма на бугарската телевизија БГ Он аир.

Перев додава дека дел од Македонците очекуваат дека Путин ќе се заложи Бугарите да признаат дека Св. Кирил и Методиј Св Наум и Св Климент биле Македонци.

„Надежта лежи во тоа дека Путин ќе се заложи Бугарите да признаат дека Св. Кирил и Методиј Св Наум и Св Климент биле Македонци. Тоа е големото прашање, што стои пред нас.“, вели Перев.



Претходна статија

„Убиениот“ од руските окупатори снајперист зборува пред бугарската Нова телевизија

Следна статија

Димитров за последната средба на комисијата: Ентузијазмот се олади!

Најново од Вести