(Видео) Перев: ВМРО-ДПМНЕ е најретроградната партија во Европа, таа е целосно србизирана и комунизирана

//

ВМРО-ДПМНЕ е најретроградната политичка партија во Европа. Таа е целосно србизирана и комунизирана. Референдумот не е за да се отвори патот со некаква визија и некаква иднина, туку да се запре Македонија по патот на цивилизацијата. Референдумот ќе го покаже непријателството на дел од македонскиот народ кон сите други, најмногу кон Бугарите. Ова го изјави Владимир Перев за бугарската телевизија Евроњуз, како коментар за иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за референдум против Договорот со Бугарија.

Според Перев ВМРО-ДПМНЕ не е толку силна политичка партија и тој е категоричен дека Бугарите под секакви околности ќе бидат вклучени во Уставот на РСМ.

„Целта на референдумот на ВМРО-ДПМНЕ е за да ја симне Владата на СДСМ од власт, но тие активности се стерилни. Кога Мицкоски ќе дојде на власт ништо нема да се смени. Ќе остане повторно прашањето за вклучувањето на Бугарите во Уставот и резултатот ќе биде позитивен“, вели Перев.

Според Перев македонското општество никогаш не било толку поделено.

„Македонија ја дочека својата 31 годишнина од независноста во едно потполно поделено општество- идеолошки, партиски и национално. Поделено во своите толкувања на минатото и своите визии за иднината“, истакна Перев и додаде: „Трагедијата на еден народ кој не може да се најде себеси во сопствената држава а камоли да мисли за својот пат кон иднината.“

Според Перев т.н бугаризација на Македонија не зависи од политичката ситуација во РСМ а од бугарското општество.

„Бугаризацијата на Македонија зависи само од силата и единството на бугарското општество и неговиот однос кон Македонија. Ако тоа успее да се наметне преку медиумите, образованието, институциите, ќе биде неповратен процес“, изјави Перев.



„Ние имаме психолошка зависност од Белград. Уште има наши раководители кои што живеат со илузијата за титовото време а илузиите се страшно нешто, бидејќи со нив не можете да се борите. Тоа е слично на илузиите на дел од бугарското општество кон дедо Иван, мајката ослободителка Русија.“

Според Перев, бугарската држава во изминатите години не покажала желба да ги заштити своите интереси во Македонија и како пример го даде стерилното државно раководење на претседателот Прванов кој одлично ја знае бугарската историја и единството на двата народа.

„Подемот на бугарската кауза се набљудува единствено во времето на Румен Радев, Екатерина Захариева, Генчовска и сегашната службена Влада која ја следи линијата потврдена од пред 2-3 години“, вели Перев.



Претходна статија

Спасовски: Јубилејни 20 синдикални игри на МПС, стратешко партнерство под мотото, опремена полиција – задоволни граѓани

Следна статија

Ковачевски: Посакувам успешна и бериќетна лозарска година, поддршката за лозарите и винариите продолжува

Најново од Вести