|

Подвижен мост во Њујорк се заглави поради високите температури

Мостот што го поврзува њујоршкиот Бронкс со Менхетен вчера остана заглавен на отворена позиција поради високите температури.

Имено, температурата на воздухот била 35 степени Целзиусови, па металот се проширил, а мостот не можел да се помести од отворената положба.

Итната помош излегла на терен и ја полиле конструкцијата со вода за да го вратат металот во првобитната положба, а поради околностите се до вечерните часови имало голема гужва.

Инаку, ова е втор топлотен бран во Њујорк ова лето, а се очекува влажноста да го зголеми чувството на топлина денеска.

Синоптичарите велат дека екстремните температури и влажност најверојатно ќе продолжат уште неколку дена.



Слични Објави