| |

ВИДЕО: ПОГЛЕДНЕТЕ КАКВА ВОДА ИСТЕКУВА ОД КОЧАНСКИТЕ ФАБРИКИ- ЌЕ ПРЕВЗЕМАТ ЛИ НЕШТО ИНСПЕКТОРИТЕ ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА?

Каква вода истекува од фабриките во Кочани? Кој ќе превземе одговорност за еколошката катастрофа што се случува во овој град? Што прават инспекторите и кога ќе превземат нешто за ова загадување на водата да престане?

Ова се само дел од прашањата што чекаат одговор по видеото што го објави еколошкото здружение „Green“ од Кочани.

Во видеото може да се види јасно дека водата обоена, а снимателот тврди дека освен обоеноста околу водата се носи неподнослива смрдеа.

Овде секако треба да напоменеме и потсетиме дека освен водата, Кочани е првенец и според една друга црна статистика, а имено аерозагадувањето, проблем што не се јавува само во зимските месеци, туку во текот на целата година.

Ја очекуваме реакцијата на инспекторите за животна средина во локалната самоуправа. Ете проблемот им е поставен отворено и со докази.

Министерството за животна средина и просторно планирање треба да ги санкционира луѓето кои не си ја завршиле својата работа, бидејќи за овој проблем не се надлежни здруженијата на активистите, туку вработените во секторот за животна средина. Треба некој да биде казнет без разлика дали одлуките ќе бидат донесени двојазично или пак на англиски.

Мора некој да одговара за оваа токсична вода што со себе го носи и токсичниот ориз од полињата. Времето за превземање на ригорозни мерки, одамна помина.

Погледнете го видеото што следи и ќе се убедите сами до каде е дојдена работата во околината на еден од најубавите македонски градови Кочани.

Слични Објави