|

(Видео) Снимен моментот кога огромен алигатор убива жена, која се обидува да го спаси своето куче

Огромен алигатор усмртил 85-годишна жена додека се обидувала да го спаси своето куче од вилиците на животното. Нападот се случил додека жената го шетала кучето покрај брегот на езерото на Флорида.

Нападот на алигаторот врз старицата и нејзиното куче бил снимен и од камери. На видеото се гледа како Глорија, водејќи го кучето на поводник, се приближува до брегот и внимателно го гледа својот миленик не забележувајќи дека во водата демне опасност.

Во следниот момент алигаторот скока од водата и го зграпчува кучето, а старицата панично се обидува да го спаси и на крајот самата умира во борбата со ѕверот тежок 300 килограми.

Американските медиуми објавија и аудиоснимки од драматични повици до службите за итни случаи.

„Боже мој, ја зграпчи алигатор. Алигатор зграпчи жена“, се слуша како жена му кажува на операторот.

„Колку е голема?“, се слуша како прашува операторот.

„Огромно е, немам со што да ја дофатам“, се слуша како вели жената.

Случајот го пријавила сосетката на Глорија, која била очевидец на нападот. Таа рече дека алигаторот го грабнал кучето на Глорија и ја влечел заедно со кучето.

„Таа беше жива. Го видов алигаторот како излезе на површината и ѝ викнав да доплива до чамецот. Таа само рече: „Не можам, алигаторот ме држи“, се присетила сосетката на Глорија, Керол (77), која гледала како несреќната старица умира во езерото.

Слични Објави